| четврток, 6 декември 2018 |

Ко­сов­ско сце­на­рио за нов пре­се­дан на НА­ТО во Си­ри­ја

sirija mapa brodovi

 

Во обид да ги за­о­би­ко­ли Обе­ди­не­ти­те на­ции, пре­тсе­да­те­лот на САД, Ба­рак Оба­ма, разг­ле­ду­ва мож­ност да го при­ме­ни ко­сов­ско­то сце­на­рио за во­е­на ин­тер­вен­ци­ја во Си­ри­ја со цел со­бо­ру­ва­ње од власт на Ба­шар ал Асад. Оба­ма се­ри­оз­но се оби­ду­ва да го иско­ри­сти искус­тво­то од пред 14 го­ди­ни за­тоа што е со­о­чен со ве­то од Ру­си­ја во Со­ве­тот за без­бед­ност на ОН, па мо­ра да ба­ра ал­тер­на­тив­но ре­ше­ние за поч­ну­ва­ње опе­ра­ци­ја без ре­зо­лу­ци­ја на ОН.

mapa na meti vo Sirija

Ва­ков пре­се­дан прв на­пра­ви по­ра­неш­ни­от аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел Бил Клин­тон во 1999 го­ди­на ко­га под зна­ме­то на НА­ТО и под из­го­вор де­ка за­шти­ту­ва „за­гро­зе­но на­се­ле­ние“ ја поч­на пр­ва­та во­е­на ин­тер­вен­ци­ја на НА­ТО про­тив Ју­гос­ла­ви­ја. Ин­тер­вен­ци­ја­та се од­ви­ва­ше под име­то Со­јуз­нич­ка си­ла, а тра­е­ше 78 де­на.

nato napad jugoslavija

До­де­ка Оба­ма ин­тен­зив­но ба­ра со­јуз­ни­ци во ко­а­ли­ци­ја­та за за­ед­нич­ка ин­тер­вен­ци­ја, по не­го­ва на­ред­ба без­бед­нос­ни­те служ­би во Пен­та­гон раз­ра­бо­ту­ва­ат ни­за сце­на­ри­ја и мож­но­сти за во­е­на ин­тер­вен­ци­ја. Поз­на­то е де­ка опе­ра­ци­ја­та ќе се во­ди од воз­дух и де­ка ќе се из­бег­не бор­ба гра­ди в гра­ди на коп­но за да се из­бег­нат жр­тви.

Се­пак, за по­че­ток на во­е­на ин­тер­вен­ци­ја во Сирија, на САД и нив­ни­те со­јуз­ни­ци ќе им би­дат по­треб­ни мно­гу по­ве­ќе бро­до­ви, ави­о­ни и оруж­је за­тоа што „не­при­ја­те­ли­те“ рас­по­ла­га­ат со мно­гу по­го­ле­ма во­е­на моќ од ју­гос­ло­вен­ска­та ар­ми­ја во 1999 го­ди­на и покрај двегодишната граѓанска војна. Во исто време не треба да се занемари и поддршката што ја има Сирија од Русија и Иран.

(Повеќе за косовското сценарио што го подготвуваат САД за напад на Сирија прочитајте во 52. број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 30 август)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top