Компанијата „Дрекслермаер Македонија“ ќе додели стипендии на 15 студенти од техничките факултети. Основен услов за добивање на стипендијата е студентите да имаат завршено прв семестар, а дополнителните критериуми за избор ќе бидат објавани во конкурсот кој ќе биде објавен наскоро.
– Првпат една странска компанија се одлучува и обврзува да стипендира студенти – рече министерот за образование Спиро Ристовски, кој смета дека овој потег на компанијата е вистински придонес кон развој на образованието и создавањето кадри според потребите на пазарот на работна сила.
Министерот за странски инвестиции, Веле Самак, пак, смета дека одлуката за стипендирање студенти на странската компанија е индиректен ефект од привлекувањето странски инвестиции.
– Една од директните придобивки од влезот на странски инвестиции е отворањето нови работни места. „Дрекслермаер“ веќе има вработено 1.000, а планира во наредната една и пол година да достигне до целосната планирана бројка од 4.000 вработени – рече Самак.
Меморандумот за соработка го потпишаа ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претставникот на „Дракслермаер Македонија“, Ѓорѓи Тренкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија
-
Објавен Конкурсот за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот