Британскиот медиумски сервис „Би-Би-Си“ се најде на удар на силни критики откако на неговиот веб-сајт во текст во кој се известувало за масакрот на деца во Сирија била користена фотографија од Ирак од 2003 година, пишува британски „Телеграф“.
Скандалот излегол на површина откако фотографот Марко ди Лауро, како што вели, „паднал од столче“ кога видел дека негова фотографија за масакр во Ирак од 2003 година пред неколку дена била употребена од „Би-Би-Си“ како илустрација за масакр во Сирија.
Фотографијата на Марко е напрвена на 27 март 2003 година и прикажува ирачко дете како прескокнува преку десетина вреќи со тела на настрадани на југот на Багдад. Истата фотографија на веб-сајтот на „Би-Би-Си“ вчера била објавена со осуда за масакрот во Сирија со наслов „Додека бесот расте“. Во описот на фотографијата се наведува дека нема независна потврда од каде е, но се верува дека прикажува тела на деца во Хула пред да бидат погребани, а им била испратена од активист.
Иако реномираниот британски сервис веднаш ја отстранил фотографијата кога дознал дека е лажна, фотографот вели:
– Навистина сум изненаден дека куќа како „Би-Би-Си“ не проверила кој е изворот на фотографијата и дека е подготвена да објави која било фотографија која ќе им биде испратена од некои активисти. Неверојатно е и новинарска куќа да има фотографии кои докажуваат масакр кој се случил вчера во Сирија, а наместо тоа да користат фотографии од 2003 година од потполно друг масакр. Некој намерно користи туѓи фотографии во пропагандни цели – заклучил Ди Лауро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев за Би-Би-Си: Над 75% од граѓаните ќе излезат на референдум и ќе гласаа
-
За „Би-Би-Си“ историскиот договор е во наводници: Личеше на свадба, едната страна се согласи да си го смени името!
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)