| четврток, 6 декември 2018 |

Канада им кажа „не“ на Американците, Данска подготвена за напад на Сирија

mapa na meti vo Sirija

Канада нема да учествува во воената интервенција во Сирија, соопштија канадските власти.

– Канадската влада моментално не планира да испрати воена мисија во Сирија и многу неволно ја прифати идејата дека мора да дојде до некој вид на воена интервенција на Западот во Сирија. И понатаму сме на мислење дека во Сирија станува збор за судир кој по својата природа главно е секташки и моментално ништо не може да се види чисто дури ни очигледно решение на кризата, изјави канадскиот премиер Стивен Харпер по разговорот со своите американски, британски и француски колеги.

Данска пак изрази подготвеност да даде поддршка и без одобрение на Советот за безбедност.

Според премиерката на Данска Хеле Торнинг Шмит Данска ги известила за одлуката најблиските сојузници кои не побараа од неа да даде воена поддршка. Данска ги поддржа акциите на САД и во Ирак, Авганистан, Либија и Мали.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top