Пожар што изби на еден од рефлекторите на стадионот на АЗ Алкмар во Холандија го одложи натпреварот од плејофот за пласман во Евролигата меѓу домашниот тим и Атромитос од Грција. Навреме беа евакуирани сите гледачи, а ги имаше точно 11.569. Прекинот се случи во 59. минута, при резултат од 0-1 за Атромитос. Според правилата на УЕФА, натпреварот ќе се доигра денеска, а останува да се играат 31 минута и судиското продолжение. АЗ Алкмар ќе има играч помалку поради исклучувањето на Хенриксен уште во втората минута, но и покрај негативата од еден гол, сепак, сѐ уште има предност поради победата на гости во Грција со 3-1 во првиот меч.
Smal fire at AZ by Counterpoint1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“