На десетина дена пред почетокот на Европското првенство во кошарка што ќе се одржи во Словенија, домаќините ги објавија правилата на однесување на гледачите кои ќе сакаат во живо да ги следат натпреварите.
Организаторите апелираат до навивачите на време да пристигнуваат во салите, а во текот на натпреварот да не конзумираат алкохол.
Вратите во салата ќе бидат отворени 15 минути пред почетокот на мечот, влезниците за секој натпревар ќе бидат лични, а по завршувањето на секој натпревар редарите ќе ја празнат салата.
Секој гледач при влегувањето ќе биде прегледан со детектор. Нема да биде дозволено влез со чадори, навредливи транспаренти, професионални фото апарати и камери.
Забрането е носење на знамиња на стапови, пластични шишиња и други работи кои не спаѓаат во реквизити за спортско навивање.
Паркирање во околината на салата ќе биде дозволено само на официјални паркиралишта.
Гледачите се предупредуваат да купуваат влезници само кај овластени продавачи. Првенството ќе го обезбедуваат околу 500 редари и 750 полицајци.
ЕП се игра од 4. до 22. септември, а нашата репрезентација се наоѓа во група заедно со Литванија, Србија, Бостна и Херцеговина, Црна Гора и Летонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Македонското сценарио и во Словенија: Јанша го врати мандатот, не може да состави влада