| четврток, 6 декември 2018 |

Почина повредениот во сообраќајката на патот Охрид- Кичево

сообраќајка

Охриѓанецот кој беше тешко повреден во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Охрид- Кичево починал, соопшти МВР.

69 годишниот П.К. по несреќата што се случи околу 18.30 часот кај селото Мешеишта беше префрлен во болницата Св. Еразмо, а потоа и во болницата во Охрид. И покрај укажаната лекарска помош, охриѓанецот им подлегнал на повредите.

Во несреќата било повредено уште едно лице, но тоа минало со полесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top