| четврток, 6 декември 2018 |

Франк Рибери прогласен за најдобар фудбалер во Европа

Францускиот фудбалски интернационалец Франк Рибери денес во Монако е избран за најдобар фудбалер во Европа за изминатата сезона 2012-2013.

Тој со својот тим Баерн Минхен освои тројна круна освојувајќи ги Лигата на шампионите, првенството на Германија и купот на истата земја. Пехарот наменет за најдобриот фудбалер сосема заслужено му до додели неговиот сонародник Мишел Платини кој е претседател на европската фудбалска организација УЕФА.

Рибери влезе во потесниот круг на кандидати заедно со Лионел Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

Изборот го направија 53 новинари од Европа со гласање за еден од кандидатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top