| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје: Бесплатна обука по информатика и англиски

Grad Skopje logo Град Скопје организира бесплатна обука по информатика и англиски јазик. Оваа акција ја организира заедно со поголем број општини. Обуките за основни познавања од информатиката и англискиот јазик се наменети за сите жители на Скопје, без оглед на нивната возраст. Рокот за пријавување е до тринаесетти септември, а информации за пријавувањето ќе бидат дадени од соодветните општини.

Кандидатите треба да понесат фотокопија од лична карта и да остават број на телефон, како и информација за кој курс се заинтересирани кај секретарите на училиштата. На крајот на курсот кандидатите ќе полагаат тест, по што ќе добијат и соодветни сертификати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top