Македонскиот репрезентативец во Дејвис куп, Томислав Јотовски, ќе игра во четврт-финалето на турнирот на ИТФ од фјучрс-серијата на Златибор во Србија, а во стартните две кола беше подобар од домашниот тенисер Арсенние Златановиќ и од Црногорецот Љубомир Челебиќ. Најпрво во премиерниот меч Јотовски со 6-1,6-2 го елиминира Златановиќ, а потоа уште поубедливо со 6-0,6-1 беше подобар од Челебиќ.
За пласман во полуфиналето нашиот тенисер ќе игра против Хрватот Дино Марчан, кој е втор носител на турнирот.
Истовремено одлично му оди и на нашиот најдоброрангиран тенисер, Димитар Грабул. И тој ќе игра за полуфинале на турнирот во Дам, вреден 15 илјади долари, откако совлада двајца противници. Во 1. коло го преслуша Олаф де Вирд со 6-3,6-1, а потоа со победа во два тај-брејка го исфрли од игра четвртиот носител Сметхрст од Велика Британија. За пласман во полуфиналето утре Грабул ќе игра со петтиот фаворит Ешли Хјуит, исто така од Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


