Мирјана Карановиќ го потврди учеството на годинешното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, каде што во рамките на Сценариското катче, лично ќе го претстави и развива своето сценарио под наслов „Добра сопруга“.
Останатите селектирани проекти на работилницата, која ќе се одржи на 18 и 19
септември, се Саулиус Друнгал – Зукерзеит, Литванија, Иван Мариновиќ – Црна игла, Црна Гора, Томи Алексов – Скриена камера, Македонија, Даријан Пејовски – Септември, Македонија, Ѓорче Ставрески – Крани, Македонија.
Програмата овозможува дводневна турусна работилница на развивање сценарио со Елма Татарагиќ, експерт за сценарија, т.н. скрипт-доктор од Босна и Херцеговина, која меѓу другото беше сценаристот на филмот „Снег“, кој ја освои главната награда на Critics Week Grand на Канскиот филмски фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки


