| четврток, 6 декември 2018 |

Седеле во дневна кога куршум им засвирил над глава

kursum

Вчеравечер семејство од скопската населба Гази Баба било вознемирено кога куршум испукан од непознат правец завршил во нивната дневна соба.
Залутаниот куршум синоќа околу 20.45 часот пробил лесонитна табла од покривот на куќата на Ф.П. (45) на улицата Петре Ѓорѓиев, а потоа паднал во дневната соба. Во моментот во просторијата се наоѓал сопственикот на куќата, неговата сопруга и нивните две малолетни деца.
Засега не е познато кој и од каде го испукал куршумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top