
Демократски конгресмен од американската сојузна држава Вашингтон, Адам Смит, е новиот член на групата за пријателство меѓу Македонија и САД, која со неговото зачленување сега има 20 конгресмени. Смит е водечки демократски член на Комисијата за вооружените сили на Претставничкиот дом на САД.
– Го информиравме конгресменот за македонската заедница и за тоа што нашето наследство ни значи на нас. Исто така, разговаравме за долгорочните безбедносни цели во регионот и за пречките со кои земјата се соочува при нивното остварување. Разговаравме за потребата да ја видиме Македонија како членка на НАТО без натамошно одлагање – изјави Ѓорѓи Ѓорѓиевски, регионален претставник на Обединетата македонска дијаспора за овој дел на САД, кој заедно со активистката за Македонија, Тифани Куртис, имал средба со конгресменот Смит и неговите советници пред неговото зачленување во групата за пријателство со Македонија.
Мето Колоски, претседател на ОМД, вели дека зачленувањето на конгресменот Смит во групата за македонско пријателство е заслуга на македонската заедница во околината на Сиетл, која ја претставува Смит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


