Покрај бројните награди и идиличните семејни моменти, се чини дека бракот меѓу Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас, сепак, е во криза. Тоа го потврдува и фактот дека тие се на пауза еден од друг, после 13 години поминати во брачен живот.
Даглас (68) одмора на Сардинија во соло варијанта, а Кетрин (43) остана далеку од него, во Њујорк.
И нивниот портпарол ја потврди информацијата дека двајцата брачни другари и светски познати актери во моментов се на пауза од нивниот брак. Сепак, и покрај нивната разделеност, тие немаат поднесено документи за бракоразводна парница.
Тие се венчаа во 2000 година, а заедно во јавност не се видени веќе неколку месеци. Наводно, тие двајца сакаат да поминат извесно време одовени еден од друг. Според странските медиуми, двојката веќе извесно време живее разделено. Мајкл, наводно, живее во станот на Менхетен, додека Зета-Џонс престојува во нивниот стан во Њујорк, заедно со двете нивни деца Дилан (13) и Керис (10).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По „Кери“ и „Скарфејс“, Брајан де Палма ќе снима хорор филм по приказната на Харви Вајнштајн
-
Дрога, милиони и ФБИ: Оваа „покер принцеза“ ги знае тајните на холивудските коцкари…(видео)
-
Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)
-
Им одржа лекција на помладите колешки- Кетрин Зета Џонс пука од сексапил!