Одлуката на „Филип Морис“ да биде стратегиски партнер на „Тутунски комбинат – Прилеп“, според премиерот Никола Груевски, ќе придонесе да се надмине отежнатата економска ситуација во која се наоѓа втората најголема компанија за производство на цигари.
– Оваа компанија во иднина не само што ќе опстојува туку и ќе се движи напред. Задоволство ми е што сум премиер во времето кога тоа се изработи, се заврши, и тоа е голема работа за Прилеп бидејќи знаеме што значи овој комбинат за граѓаните во овој град – изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Прилеп.
Тој додаде дека овој светски бренд ќе ги произведува познатите цигари од марката „марлборо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.