Компанијата формирана како стратешко партнерство меѓу „Тутунскиот комбинат Прилеп“ и „Филип Морис“ има новости на македонскиот пазар.Неколку месеци по успешното поставување на новите машини во Тутунски комбинат Прилеп компанијата почна со производство на една од најновите понуди на брендот „Марлборо“ во Македонија.
-Модернизацијата на фабриката беше клучна за новите потфати. Значително го подобривме квалитетот и ефикасноста на производството. Оваа иницијатива е голем чекор за ТКП, но и голем чекор за Македонија – вели генералниот менаџер на „Тутунскиот комбинат Прилеп“, Александар Дерменџиев.
За само една година постоење, заедничката компанија „Филип Морис ТКП“ направи значителни чекори во менувањето на тутунската индустрија во Македонија. Производството на некои интернационални брендови во Македонија, реструктурирање на фабриката и модернизација со партнерот ТКП се само неколку од успесите од изминатиов период.
-Ова е една од најиновативните понуди од нашиот бренд. Долго очекуваното производство на „Марлборо“ во Македонија ги покажува нашата верба во партнерството и дека тоа мора да се движи во правилна насока – вели Генералниот менаџер на ПМТКП, Емре Козлу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.