Тројца македонски државјани се уапсени од босанските власти, по свирепото убиство на 22-годишно момче што го извршиле на 26 овој месец во близина на Сараево откако претходно имале жестока расправија со двајца босански државјани за девојка. Непосредно по убиството полицијата ги привела Сафет Јонузи (18), за кој полицијата се сомнева дека го извршил убиството, како и Сание Јонузи (20) и А. Валони (17), сите македонски државјани, кои наводно престојувале во Босна во посета на роднини.
Инцидентот се случил во местото Какањ на десетина километри од Сараево. Според очевидци, во еден момент Сафет Јонузи извадил нож и го прободел 22-годишниот Кенан Муховиќ во срце, по што момчето починало на самото место. Пријателот на починатиот, 34-годишниот Садмир Шабиќ, бил прободен во врат и во грб, но бил пренесен во болница на време пред да искрвави до смрт.
Инцидентот се случил пред угостителски објект а наводно причина за убиството била Сание Јонузи, на која Муховиќ и Шабиќ се обиделе да ѝ пристапат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка