Пејачката Тијана Дапчевиќ, која живее и работи во Србија, ќе биде македонската претставничка на „Евровизија“ што следната година ќе се одржи Копенхаген, Данска. Одлуката уште сега ја донесоа одговорните во МТВ, а Тијана за „Вест“ вели дека е пресреќна што ќе ја претставува Македонија.
– Пред дваесетина дена ми се јавија од МТВ со понуда да ја претставувам Макеоднија на Евровизија. Не размислував ни секунда. Веднаш реков да. И пресреќна сум заради тоа – изјавила Тијана.
– Тијана е суперпејачка, таа е наше девојче, има суперкариера, има одлично музичко педигре. Позната е на Балканот, што е многу важно, настапува секаде, има успеси, ја сакаат и тоа е сосема доволно да биде вистинскиот избор. Сигурни сме дека доследно ќе нѐ претстави. Навистина немаше опција за други пејачи. Сите одговорни во МТВ едногласно одлучвме тоа да биде Тијана – вели за „Вест“ Љупчо Мирковски, директор на Националниот избор за песна на Евровизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.