| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка од Секс- партија кандидат за пратеник во Австралија

GroupFrontЕдна од помалите политички партии кои учествуваат на изборите во Австралија е „Секс Партијата на Австралија“ основана во 2009 година како одговор на се поголемата застапеност на религијата во политичките партии во Австралија. На претстојните ибори како нивен кандидат за изборната единица Калвел во Викторија партијата ја кандидираше Невена Спировска- Македонка која живее во Австралија од 1989 година.

Невена по потекло е од Куманово, дипломирала новинарство и комуникации на Свинбурн универзитетот во Мелбурн, а работи во пензинскиот фонд на Австралија.

nevenaspirovska-Се кандидирав затоа што ние како Македонци во Австралија досега сме немале ниту еден Македонец во Австралискиот федерален парламент а Секс партијата ја одбрав затоа што мислам дека е прогресивен глас во Австралија кој се залага за правата на човекот, граѓанска слобода и еднаквост на сите луѓе во Австралиското општество. Моја желба е да отворам дијалог со македонската заедница во Австралија посебно во мојата изборна единица и отворено да разговараме на различни теми, ја пренесува австралискиот Шиломагазин.

Се надеваме дека како македонци кои живеат во Австралија наскоро ќе се радуваме на изборот на македонец во Австралискиот парламент. Ајде сите да ја поздравиме храброста на Невена и да ја подржиме на изборите на 7 ми Септември, вели на крајот порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top