| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: На Грција никогаш не и било местото во еврозоната

merkel 1– Грција никогаш не требаше да биде во еврозоната.Шредер ги прифати во 2011 и го ослабна Пактот за стабилност. Двете одлуки беа фундаментално погрешни, рекла Меркел.

Таа во предизборниот настап повторила дека се залага за силна и единствена валута во Европа, но тоа може да е постигне само со реформи во погодените земји од кризата , како што е Грција.

– Единствената валутна зона е богатство и благослов. Тука нема сомневање. Еврото е многу повеќе од валута. Затоа покажавме солидарност, но солидарноста е поврзана и со одговорност за реформи во земјите кои ја почуствувале таа солидарност, рекла Меркел.

Нејзините изјави доаѓаат неколку дена откако германскиот министер за финансии призна дека на Грција и е потребна уште еден пакет на финансиска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top