| четврток, 6 декември 2018 |

Грците и сиромаштијата – ќе се продаваат производи со поминат рок

supermarketОд 1 септември во грчките маркети ќе се продава храна со поминат рок по пониски цени. Ваква одлука донесе Здружението на трговци заради економската криза со цел да се олесни животот на Грците кој станува се потежок, како и да им помогне на  најзагрозените граѓани.

Производите со поминат рок ќе бидат изложени на посебно место и обележани со посебен натпис, а на нив ќе има предупредување дека се опасни за животот на купувачите.

Во зависност од производот, рокот на траење ќе се „продолжува“ за три месеци. Производите ќе се нудат во маркетите, но не и на рестораните или други места каде се подготвува храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top