Pротив синот на поранешниот долгогодишен либиски лидер Моамер Гадафи, Саиф ал Ислам, и некогашен началник на известувачките служби Абдулах ал Сенусиј, подигнати се обвиненија за убиство во врска со граѓанската војна во земјата во 2011 година – изјави главниот обвинител на Либија, Абдел Кадер Радван.
Радван рече дека судењето за наводни злосторства направени во текот на 42 годишното владеење и осум месечната војна во која беше сменет Гадафи, ќе започне на 29 септември. Ал Ислам е единствениот син на Гадафи и е во затвор.
На судењето ќе се појават 28 претставници на поранешниот режим обвинети за различни обвиненија, од убиства, нелегално формирање на вооружени групи, поттикнување на силување и киднапирање. Според зборовите на главниот либиски обвинител, властите издале вкупно 280 налози за апсење на оние кои се бараат поради слични обвиненија.
Ал Ислам е обвинет и пред Меѓународниот кривичен суд за убиство и убивање цивили во првите денови на бунтовите, а доколку биде прогласен за виновен може да биде казнет со доживотен затвор. Судиите од овој суд истакнаа дека судењето за Ислам во Либија нема да биде фер, и побараа негова екстрадиција во Хаг. Синот на Гадафи останува во рацете на полицијата која го фати.
Нему му се суди и за нарушување на државната безбедност, обид за бегство од затвор и навреда на новото либиско знаме. Тој изрази желба да му се суди и за наводни злосторства во Холандија, тврдејќи дека судењето во Либија ќе биде еднакво на убиство. Остатокот од семејството на Гадафи доби азил во Оман во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија