| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовната приказна на 96 годишен старец низ стихови (видео)

fred-stobaugh96-годишниот Фред Стобо од Илионоис конкурирал со своја песна на конкурсот на продуцентската куќа Green Shoe. Песната била посветена за неговата скоро почината сопруга со која минал 75 години од животот.

Поради правилото дека станува збор за онлајн конкурс, а песната била испратена преку пошта, песната на Фред не била земена в предвид. Но продуцентите од студиото, трогнати од неговата љубовна приказна, одлучиле и професионално да ја  снимаат автобиографската песна на старецот насловена  „Sweet Lorraine“.

Фред и Лорејн се запознале и вљубиле во 1938 година, а по две години се венчале. Во студиото, Фред раскажал се за својот живот со сопругата, за создавањето на песната, а за неговата животна приказна момците снимиле и деветминутно видео.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top