| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев лаже и ја манипулира јавноста

ivo ivanovskiСакаме да му се заблагодариме на г-динот Зоран Заев што ни овозможи и даде прилика да го кажеме она што сме го направивме досега, работите кои сме ги ветиле и на чија реализација посветено работиме – изјави Иво Ивановски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на која тој обвини дека Владата не ги спровела најавените проекти.

– Во периодот од 2006 до првата половина од 2013 година, Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во целост исполни над 2100 ветувања дадени пред граѓаните – рече Ивановски, потемцирајќи дел од оние ветувања, кои, како што изјави, Владата ги исполнила.

Еве ги проектите кои Ивановски ги потенцираше:

  • Се изврши набавката на современа медицинска опрема во вредност од 100 милиони евра.
  • Се врши најтелемна реконструкција на македонските болници во вредност на нови 100 милиони евра.
  • Намалени се цените на значаен дел на лековите. Просечното намалување на цените изнесува 32,54 отсто, а кај одреден број на лекови и до 70 проценти. Претходно данокот на додадена вредност за сите лекови и медицинските помагала се намали од 18 на 5%
  • Воведено е бесплатно здравство за секого.
  • Ќе се гради нов клинички центар.
  • Најголемата инвестиција во образованието во изминатите 17 години  е направена со проектот Компјутер за секој ученик.
  • Со Законот за измени и дополнувања на Законот за средно образование се воведе задолжително средно образование на секое дете од 15 до 18-годишна возраст, при што школувањето ќе биде бесплатно, како и превозот и престојот во местото каде што учи детето, доколу има потреба од тоа.
  • Намалена е партиципацијатана високообразовните институции, и тоа на 200 евра во државната квота, односно 400 евра во квотата за кофинансирање.
  • Обезбедени се бесплатни учебници за ученици од основното и од средното образование.
  • Формирани се два нови државни универзитети и отворени се дисперзирани студиски програми со кои високото образование станува достапно за секого.
  • Во 2012 и 2013 одвоени се над 60 милиони евра директни инвестиции за образованието, како во основното и средното, така и во високото образование. Во време на СДСМ тие средства не беа ниту 10% од оваа сума.
  • Направен е превод на огромен број на литературни дела и стручна литература која сега на студентите им е достапна на македонски јазик.
  • Ваучери за 27,000 студенти.
  • Неколкукратно се зголемија платите, пензиите и парите наменети за социјални трансфери.

Се донесе донесе минимална плата, со која се заштитија работниците со најниски примања.

  • Се изградија социјални станови.

Тој понатаму додаде дека Владата донела Програмата за земјоделство и руралeн развој за период од 2013 до 2017 година, со која, како што нагласи,  првпат за пет години се дадени насоки како ќе се одвива финансиската поддршка за земјоделците.

-Во неа е планирано во следните пет години да бидат доделени вкупно 725 милиони евра субвенции, од кои во 2013 година – 135 милиони евра, во 2014 – 140 милиони евра и од 2015 до 2017 година по 150 милиони евра. СДСМ не даваше субвенции – рече Ивановски и ги наброја следните проекти:

  • Македонските граѓани можат да го откупуваат дворното земјиште на индивидуалните куќи и станбените згради по само едно евро или 61 денар за метар квадратен.
  • Владата донесе одлука по едно евро од метар квадратен да можат да се легализираат индивидуалните диви градби и дивоизградените индустриски објекти.
  • По едно евро се обезбеди да се откупува и земјиштето кое е под легалилизиран објект, а не е опфатен со ДУП.
  • Со измените на законот за акциза се намалија акцизите за увоз на автомобили и се овозможи граѓаните кои досега не биле во можност, сега да купат автомобил, а тие што имаат постари возила да ги заменат со понови.
  • Се намалуваат трошоците за добивање на одобренија за градење.
  • Обезбедена е визна либерализација
  • Рерпублика Македонија доби четири последователни позитивни извештаи од ЕК што е потврда за реформите и напредокот постигнат на ова поле.

-Воедно сакаме да им заблагодариме на колегите од СДСМ и поради една друга работа. Имено со пресконференцијата на г. Зоран Заев ни дадоа шанса да направиме промоција на нашите напори, и реформи кои ги превземаме во полињата каде имаме децениско назадување. Ние за разлика од СДСМ и Заев нема да ја дезинформираме јавноста и со аргументи и факти ќе дебатираме – додаде Ивановски.

Тој смета дека Зоран Заев лаже кога вели дека ништо не е направено за инфраструктурата:

-Ние досега имаме инвестирано големи средства во инфраструктурата. Досега заклучно со 2012 изградени и рехабилитирани се вкупно 190 локални патишта во вкупна должина од 412 километри во вредност од безмалку 30 милиони евра, а отпочната е изградбата и рехабилитацијата на 105 локални патишта со вкупна должина од 216 километри во вредност од безмалку 20 милиони евра во 43 општини, операција која е во тек. Изградени се и рехабилитирани 15 регионални патишта во должина од 318 километри во вредност од околу 50 милиони евра, а во тек се работи на исти такви во должина од 72 километри и вредност од околу 11 милиони евра. Исто така вложивме околу 8 милиони евра за комплетна реконструкција на Катланово-Велес, а оваа година инвестираме уште толку во делницата Велес-Катланово, но и го прошируваме и го правиме експресен пат Велес-Кадрифаково со зголемување на ширината на коловозот од околу 6 на околу 11 метри. Ја изградивме и делницата од автопатот Александар Велики кај Табановце во должина од 8 километри и инвестиција од 15 милиони евра и целосно ја изградивме автопатската обиколница околу Скопје во должина од 26 километри , која само во мал дел беше започната и како таква малку изградена ја затекнавме во 2006 година, за потоа да инвестираме од вкупно 125 милиони евра колку што вкупно чинеше над 100 милиони евра. Почнавме со изградбата на последната делница од автопатот кај Демир Капија до Смоквица во должина од 28 километри и во неа ќе бидат инвестирани околу 220 милиони евра. Сакам да истакнам дека за прв пат по повеќе од 20 години оваа година ние обезбедивме средства за значителна инвестиција во железницата, односно и во ремонт на постоечките железнички пруги, но и почеток на изградба на нови железнички делници, но и обнова на железничкиот возен парк. Тоа е реконструкција на железницата на Коридорот 10 во должина од 54 километри и во износ од 17 милиони евра, пруга која 50 години не е реконструирана – посочи Ивановски.

Тој збруваше и за Економијата и начинот на кој државата потоа се справуваше со последиците од светката економска криза потенцирајќи дека Зоран Заев и на оваа тема ја манипулирал јавноста.

-Во годините кога немаше криза порастот на БДП во 2007 изнесуваше рекордни 6.1%, а во 2008 година 5%. Ниту една година претходно БДП немаше пораст повисок од 4%. Извозот во тие две години се зголеми за цели 60%. БДП по жител како основен индикатор на степенот на развој на економијатасе зголеми од 2.939 долари во 2005 на 4.801 долари во 2008, пораст за целим 63%! Потоа откако започна светската а патоа и европската должничка криза Владата донесе прв пакет на антикризни мерки. Тој се состоеше од мерки за подобрување на ликвидноста на фирмите преку репрограмирање на достасаните обврски кон државата и простување на каматата за дел од обврските, ослободување на добивката од оданочување освен кога се распределува во дивиденда, намалување на стапките на социјалните придонеси и сл. Подоцна беа донесени уште три пакети на антикризни мерки со кои буџетската потрошувачка се приспособи на случувањата во реалниот сектор, се обезбеди поволна кредитна линија од ЕИБ во износ од 100 милиони евра за малите и за средните претпријатија, и се реализираа нови 70 мерки за помош на стопанството во рамките на проектот Регулаторна гилотина. Вкупната поддршка на економијата обезбедена преку овие четири пакети на антикризни мерки достигна над 300 милиони евра. Тие реформи беа признати и од угледни и реномирани меѓународни институции како што е Светската банка која во својот последен извештај „Doing Business“ Република Македонија ја рангираше на дваесет и третата позиција меѓу 185 земји и е највисоко рангирана во однос на било која транзициона економија од Југоисточна Европа. Во однос на условите за основање бизнис, Република Македонија се наоѓа на петтата позиција во светски рамки. Реномираната „Прајсвотерхаус Куперс“ во својот извешај „Плаќање даноци“ за 2013 година ја прогласи Македонија за 24-та најпријателски настроена земја во светот во однос на даночниот товар и даночниот третман на бизнисите. Исто така, неодамна „Форбс“ објави дека Република Македонија е второрангирана во Југоисточна Европа во однос на квалитетот на деловното окружување, далеку понапред од новопримените членки на ЕУ, Бугарија и Романија – рече Ивановски.

За тврдењето дека немало инвестиции во Македонија тој ги нагласи следните инвестиции:

  • Кемет електроникс – САД, 25 милиони евра, 500 нови работни места
  • Алајанс Уан – САД, 10 милиони евра, 150 нови работни места
  • Протек груп – Русија, 5 милиони евра, 150 нови работни места
  • Мадерсон груп – Индија, 12 милиони евра, 160 нови работни места
  • Стил кон – Холандија, 3,5 милиони евра, 100 нови работни места
  • Текнохозе – Италија, 10 милиони евра, 150 нови работни места
  • Еуроиталија – Италија, 10 милиони евра, 200 нови работни места
  • Еинфлоу – Швајцарија, 5 милиони евра, 100 нови работни места
  • Кромберг и Шуберт – Германија, 25 милиони евра, 2500 нови работни места
  • Џонсон контролс – САД, отвора втора фабрика во Македонија, 20 милиони евра, 1427 нови работни места

-Која инвестиција СДСМ ја донесе, нема таква. Гo  повикуваме Зоран Заев да набро која странска гринфилд инвестиција ја донесоа за 15 години. Кога веќе сака г. Зоран Заев да зборува за транзицијата потребно е да се заврти околу него, да го праша за неа Бранко Црвенковски, таткото на транзицијата кој на дневна основа му дава насоки, идеи и задачи на дејствување. А ако сака уште повеќе искуства тогаш може да се распраша и во неговото пошироко опкружување како господинот Фрчковски, член на Ад Хок комисијата кој има дебело искуство од транзицијата. Еве еден факт кој ќе ја соголи политиката на Зоран Заев. Ако Зоран Заев е сигурен во тоа што го говори и сигурен дека граѓаните му веруваат, тогаш зошто не прифати избори ? – посочи Ивановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top