| четврток, 6 декември 2018 |

Британски фотограф тврди дека го снимил чудовиштето во Лох Нес (видео)

cudovisteПедесетгодишниот аматерскиот фотограф Дејвид Елдер смета дека го снимил митското чудовиште од шкотското езерото Лох Нес. Тој на езерото фотографирал лебеди, когаво водата се појавило црно суштество долго 4,5 метри.

-Го фотографирав крајбрежјето на езерото, кога одеднаш забележав огромен црн бран. Одоздола се наѕираше чудно црно суштество. Повеќе од сигурен сум дека станува за неправилен и неочекуван бран создаден од нешто што се наоѓа под водата. Во тој момент немаше ветар. Водата потполно мирна, освен тој дел – вели Елдер.
Тој тврди дека бранот го создал нешто големо, што било под вода.
– Изгледаше како бран што се создава кога ќе помине чамец, но во тој момент немаше брод на езерото. Едноставно, тоа е нешто што не можам да го објаснам“, рекол Елдер за британските медиуми.

Освен фотографиите, тој направил и снимки од чудното суштество што го видел.

Погледнете го видеото и пр

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top