Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доби дозвола од УЕФА за поместување на терминот за почеток на квалификацискиот дуел со Велс, и на 6 септември ќе играме од 19 часот на „Филип втори“ арена.
Поместувањето е поради настапот на нашите кошаркари на ЕП, истиот ден од 21 часот, со што ќе се поклопеа термините. Со тоа ФФМ ја реши главоболката и сега останува на симпатизерите на фудбалот да дојдат на стадион и да ги бодрат Пандев и соиграчите во обид да се победи Велс предводен од Герет Бејл. Потоа следат кошаркарските возбудувања и натпреварот во кошарка меѓу Македонија и Србија на ЕП во Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


