| четврток, 6 декември 2018 |

Германците ќе ги пукнат Грците: македонското знаме на јарболот на Шалке

Во пресрет на реванш дуелот од квалификациите за Лигата на шампионите, меѓу грчкиот претставник ПАОК и германскиот Шалке 04, атмосферата полека, но сигурно се вжештува.

Германските фудбалери и стручниот штаб пристигнаа во Грција и без никакви клупски обележја патуваа до хотелот.

Но, во Германија, поточно во Гелзенкирхен, сонцето од Кутлеш високо се вее веднаш до клупското знаме на германскиот прволигаш Шалке.

Каква ќе биде реакцијата на грчките фанови останува да видиме?

Да потсетиме, првиот натпревар заврши со резултат од 1-1, а вечерва реваншот ќе се игра без присуство на гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top