| четврток, 6 декември 2018 |

Во титовиот сеф било богатството на Караѓорѓевиќ

Во сефот на Тито е најден скапоцениот Орден на кралицата Марија опточен со брилијанти и украсен со рубини и смарагди, а од поголемиот број од најдените предмети ја имаа сигнатурата на Караѓорѓевиќ, па дури и личен потпис на кралот Петар

tito-cigaraСе уште нема список од сите најдени предмети во сефот на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, „Депо 555 на Претседателството на СФРЈ“. Депото е  отворено во април, на барање на основниот суд, каде се води оставинска постапка на титовите наследници.

Од тогаш јавноста не е запознаена што се се чувало во сефот. На него стои знакот „Државна тајна“ поставена од Тито и неговите соработници. И адвокатите на семејството се заколнале дека ќе молчат се додека не биде тргната ознаката. За сега само се јавува дека во него се најдени многу предмети кои припаѓале на династијата Караѓорѓевиќ, а кои немаат врска со оставнината на Јосип Броз.

Наследниците, според медиумите, се огорчени бидејќи постапката трае дури 34 години и не им е јасно зошто се крие што има по сефовите. Исто така се прашуваат дали тоа е причината за обивањето на куќата на Јованка Броз, 20 дена пред да биде отворено депото, бидејќи во куќата на Дедиње бил и списокот на предметите кои се земени од Ужичка, каде живееја Тито и Јованка.

45891_titojovanka12_fЈованка до сега неколку пати има поднесено барање до судот со список за своите лични предмети, меѓу кои освен накит има и скулптури, слики, вазни, книги, теписи, пет автомобили од гаражата на Белиот двор и две возила од гаражата на Бриони. Она тврди дека најмногу предмети од резиденцијата на Ужичка 15 биле нејзини и на Тито, стекнати во брачна заедница, како и дека накитот и подароците ги добила на венчавката од кумовите и пријателите, а не како претседателска сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top