| четврток, 6 декември 2018 |

Караѓорѓева шницла не може да се заштити како авторско дело

Караѓорѓевата шницла, ремек-дело на Милован Миќо Стојановиќ, личниот готвач на Јосип Броз Тито, не може да се заштити во Заводот за интелектуална сопственост бидејќи за тоа нема законска основа.

– Од секоја шницла да заработувавме по еден динар ќе бевме милијардери – вели Милан Стојановиќ, син на Титовиот готвач кој и денес го подготвува овој специјалитет според оригиналниот рецепт во својот ресторан во Земун.

– Прво нѐ шетаа од шалтер до шалтер, и постојано требаше некакво дополнување на документацијата, а кога станав поупорен, ми објаснија дека не постои закоска основа Караѓорѓевата шницла да биде заштитена како авторско дело – вели другиот син на Милован, Петар, кој по професија е адвокат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top