| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид се подготви за презентација на Бејл, а Велшанецот им побегна во Англија

Реал Мадрид подготви се за презентација на Герет Бејл, денеска околу 13 часот, но неочекувано велшкиот репрезентативец се врати во Англија по наредба на раководството на Тотенхем, чиј член е сеуште. Бејл беше во Марбелја на одмор и во очекување да стане нов играч на Реал, но можно е трансферот што требаше да чини околу 100 милиони евра да пропадне.

bejli

Медиумите од Англија најавуваат дека има пресврт и интерес за услугите на Бејл и од други клубови, пред се од ПСЖ, Монако, но и од Манчестер јунајтед. Наводно Бејл бил повикан во Лондон и нема да си замине од Тотенхем се додека, тимот не најде замена за него. Бразилецот Вилијан требаше да биде алката за сигурен трансфер на Бејл во Реал, но играчот на Зенит наместо во Тотенхем заврши во Челси.

Сепак се најавува дека Тотенхем ги крие понудите од трите клуба што покрај Реал се заинтересирани за Бејл. Прв фаворит, иако навидум не изгледа така е Манчестер јунајтед и нема да биде изненадување, ако 23-годишниот Велшанец заврши кај „црвените-ѓаволи“. Трансферот во реал беше веќе завршена работа, барем според најавите, но сега шансите на Јунајтед за ангажман на Бејл рапидно растат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top