Еврокомесарот Штефан Филе го поздравува донесувањето на извештајот на комисијата и рече дека тоа ќе биде нотирано во претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.
„Го поздравувам успешниот епилог на комисијата и донесувањето на конечниот извештај со консензус. Ова покажува дека компромисни решенија може да бидат изнајдени преку политичка волја, дијалог и компромис. Ги очекуваме следните чекори и примената на заклучоците од извештајот, како и сето друго што остана како обврска од политичкиот договор од 1 март“, се вели во писмената изјава на Филе во која тој смета дека постигнатиот договор покажува дека интеграцијата во ЕУ продолжува да биде приоритет за сите политички партии во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



