
Четириесет и деветгодишната италијанска убавица Моника Белучи се разведува по 14 години брак од две години помладиот Венсан Касел со кого има две ќерки, деветгодишната Дева и тригодишната Леона. Вистината сѐ уште никој не ја знае, а јавноста веќе шпекулира за причините.
Една од шпекулациите е извлечена од изјава на Белучи од пред една и пол година во која таа како да го навестува тоа што сега се случува:
– Не верувам во верност. Верувам во љубов. Мене ме интересира љубовта, за другото подобро да не прашувам. Верноста на срцето е нешто повеќе од верноста на телото. Телесното неверство е понесериозно. Затоа решив да одам ден по ден – ме интересира дали нешто функционира или не. Не сум љубоморна – рекла Белучи.
Актерката во 2011 година, пак, привлече внимание со изјавата дека на сопругот му простила неверство.
– Довербата и сигурноста дека партнерот ќе биде до вас секогаш кога е потребно е поважно од верност. Не би очекувала да ми биде верен ако не ме видел два месеци. Покрај тоа, Венсан не е обичен маж. Понекогаш го обожувам, а некогаш би го убила – изјавила таа.
Според италијанските медиуми, поради тоа што Моника многу често ја спомнува верноста, се претпоставува дека тоа може да биде причината за разводот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


