| четврток, 6 декември 2018 |

Што можат да купат најбогатите тенисери со нивната годишна заработувачка?

Магазинот Форбс направи интересен шопинг со годишните заработки на најбогатите тенисери и тенисерки.

federer

Роџер Федерер минатата година заработил 71.5 милиони долари. Форбс пресмета дека со таа сума пари може да ги однесе на пица сите 8 милиони граѓани од неговата родна Швајцарија.

sarapova

Марија Шарапова во 2012 година имала вкупен приход од 29 милиони долари, доволно да си купи 4.841.402 пакетчиња од нејзините бонбони Шугарпова.

novak djokovik

Новак Ѓоковиќ заработил 26.9 милиони долари. Со тие пари може да си купи залихи од српското магарешко сирење за следните 203 години.

serena

Серена Вилијамс пак, со заработените 20.9 милиони долари може да отиде на концерт на Грин Деј 64.445 пати.

endi marej

Енди Мареј со неговите 14.9 милиони долари може да им купи плејстешн на сите жители на неговиот роден град и да игра Кол оф дјути цели пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top