| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК го поздрави донесувањето на извештајот за настаните од 24 декември

Европската комисија го поддржа донесувањето на извештајот за случувањата од 24 декември, изјави Петар Стано, портпарол на ЕК. И Еврокомесарот Штефан Фуле го поздрави донесувањето на извештајот на анкетната комисија, потенцирајќи дека истото ќе биде нотирани во претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.
-Го поздравувам успешниот епилог на анкетната комисија, и донесувањето на конечниот извештај со консензус, поддржан од сите членови на комисијата. Ова покажува дека компромисни решенија може да биде изнајдени преку политичка волја, дијалог и компромис. Ги очекуваме следните чекори и имплементацијата на заклучоците кои ги содржи договорот, како и сета остана содржина на политичкиот договор од 1-ви март”, изјави еврокомесарот, нагласувајќи ја и помошта со која европските експерти им помогнале на членовите на анкетната комисија.

Според Фуле, постигнатиот резултат помага во справувањето со домашните политички притисоци, а исто така и покажува дека евроинтеграцијата на земјата останува од огромен интерес за сите политички партии во земјата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top