Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон работи на организација на првата средба на претседателот на Србија Томислав Николиќ со косовската претседателка Атифете Јахјага, која ќе биде одржана во Брисел, пренесува српската агенција Танјуг. Целта е со остварување на контактите на претседателско ниво да се зацврсти и интензивира дијалогот кој во моментот се води меѓу двата премиери на ниво на експерти.
Сепак нема прецизиран датумот и дневен ред на состанокот, освен дека се планира за првата половина на февруари.
Од кабинетот на високиот претставник нема ниту потврда ниту демант, јавува Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


