| четврток, 6 декември 2018 |

Моника Белучи се разведува

Моника Белучи и Венсан Касел се разведуваат, пишува италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“. Нивните сознанија ги потврди и портпаролот на актерката. Двојката се венча во 1999 година откако се запознаа на снимање на филм и имаат две ќерки, Дева и Леона, а нивниот брак важеше за еден од најчудните во светот на познатите.

Имено, Моника, која во моментов снима во Србија со Емир Кустурица, во една пригода изјавила дека нема ништо против да ја изневери нејзиниот сопруг доколку би била разделени најмалку два месеца.

– Страст може да почувствувате и кон најлошиот човек на светот, но тоа нема никакава врска со партнерството и со заедничкиот живот. Најважна е довербата и сигурноста дека вашиот партнер ќе биде крај вас кога тоа ќе биде потребно. Би било лудо да очекувам од него да ми биде верен ако не ме видел повеќе од два месеца. Мислам дека Венсан е многу секси. Важно е на тој начин да размислувате за својот сопруг. Но, тој не е нормален маж. Понекогаш многу го сакам, а понекогаш би го убила – изјави актерката во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top