Професионални хористи од повеќе европски земји учествуваат на шестото издание на Охридскиот хорски фестивал што почна на 22 и ќе трае до денеска, јавува „Охрид њуз“.
Освен настапите на отворено, хоровите имаат можност во хотелот „Инекс“ да се претстават во ревијален и натпреварувачки дел, да одржат концерти, а публиката има можност да ја чуе и нивната изведба на композиции од поп и фолк-музиката.
Фестивалот завршува вечерва со Конференција за хорско диригирање и интерпретација, по што ќе следуваат финалето и доделувањето на наградите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.