Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски преку својот Твитер профил изразува зачуденост од постапката на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој го одбил предлогот на ВМРО ДПМНЕ за настаните од 24 декември да се произнесе Уставниот суд.
Зачудува зошто Заев го одбил предлогот на ВМРО ДПМНЕ за (не)уставноста на постапките од 24.Декември да се произнесе Уставниот Суд, пишува Милошоски.
СДСМ вчера ги одби и двата предлога на ВМРО ДПМНЕ – да се распишат предвремени избори или да се донесуве извештај по воља на Социјалдемократите за кој не би гласале членовите на комисијата од ВМРО ДПМНЕ.
Опозиционерите категорично одбија избори, а не прифатија ниту извештај без потпис на членовите од ВМРО ДПМНЕ. Премиерот Груевски вчера вечер, како што рече, во интерес на државата, прифати членовите од ВМРО ДПМНЕ да изгласаат извештај каков што сака СДСМ, но дека нема да ги прифатат заклучоците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.