Македонскиот тенисер Димитар Грабул е елиминиран во четврт-финалето на фјучрс- турнирот во Жупил сур Мус во близина на Лиеж, Белгија. Поуспешен од него беше третиот носител на турнирот, белгискот тенисер Јорис де Лор со 2:1 во сетови.
Првиот сет му припадна на Де Лор со 6:1 во гемови откако го искористи слабиот старт на Грабул и поведе со 5:0. Во вториот сет Грабул возварти со 6:3, а во решавачкиот сет беше 6:4.
Со овој триумф Де Лор му се реваншираше на Грабул за поразот во финалето на турнирот во Де Хан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.