| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе извезува ѓубре во Албанија

gubre

Албанската влада во заминување вчера донесе одлука за увоз на 4 илјади тони отпад годишно, главно од Македонија и од Косово, но и од некои земји на Европската унија.

Станува збор за отпад од полиетилен за рециклирање, а за увоз на истиот Владата ја овласти фирмата „ЕВЕРЕСТ ИЕ“.

Во почетокот на август Владата во Тирана донесе одлука за увоз на 600 тони отпад од Грција и околу 2.000 тони отпад од Италија. Од Грција ќе се увезува отпад од полиетилен со цел негово рециклирање, додека од Италија отпад од гас, челик, цинк, олово, железо, пластика и друго. Во истовреме Владата ги авторизира фирмите „Пластика-Албанија“ и „В.А.Л.Е. Ресајклинг“ за увоз на отпадот и негова рециклажа.

Одлуките на Владата во заминување остро се критикувани од победничката коалиција, предводена од социјалистите на Еди Рама, која треба да биде формирана по конситуирањето на новиот албански законодавен дом на деветти септември. Според неа, одлуките кои во овој период ги носи владата се тенденциозни.

Владата носи одлуки иако шефот на државата Бујар Нишани на почетокот на април потпиша указ со кој 22 декември го одреди како датум за одржување на референдумот, на кој албанските граѓани треба да се изјаснат дали во Албанија треба да се увезува отпад за рециклирање или не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top