
-Едно од спорните прашања на договорот од 1 март меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беше дали ќе се разговара за предвремени избори. Предвремените избори беа точка која опозицијата ја бараше како можен излез од политичкиот дел на кризата што тогаш настана со 24 декември. Така да, мислам дека двете работи на некој начин потекнуваат од мартовскиот договор, дека Комисијата ќе ја заврши својата работа, вклучувајќи и носење на Извештајот со мнозинство од 3:2 и дека на некој начин ќе се разговара за предвремени парламентарни избори. Мислам дека двете работи се повторно на маса, вели аналитичарот Сашо Клековски за Курир.
Тој ги коментира и случувањата во Комисијата.
-За мене е гласен нагласокот на потребата Комисијата да ја заврши работата со тоа што моето мислење е дека Комисијата е направена на начин да се одлучува со мнозинство гласови, а не со консензус. Затоа има претседател, непарен број на членови, затоа претседателот толку време се избираше со заедничка согласност, бидејќи основниот начин на одлучување предвиден бил гласање на Комисијата за извештајот. Инсистирањето дека Извештајот треба да се донесе со консензус е непотребен дел на целата процедура. Може да се донесе со мнозинство гласови и тој ќе биде валиден. Мислам дека премиерот Груевски со пораката сакаше да пренесе дека тој мора да профункционира на начинот како што е договорено, истакнува Клековски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


