Во своето обраќање премиерот Груевски посочи дека „Народот не е виновен што имаме ваква раштимана опозиција. Граѓаните ќе речат дека довербата ни ја дале нам, а не на СДСМ, па ние сме тие на кои им е доверена одлуката да ја штитат државата во вакви ситуации. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во интерес за државата, да потпише Извештај на Ад-хок комисијата, каков што сака СДСМ.
Ако ним не им е важен интересот на Македонија, нам ни е важен. За нас и за граѓаните тие правни квалификации не се она со што се согласуваме. Ние сме партија која 7 години ја добива довербата, ќе подметнеме грб.
Ако неможат да се радуваат на изборен резултат, нека се радуваат барем на Извештајот. Препораките треба да се во функција да не се повтори она што се случи. Но нашиот став никогаш нема да го промениме, тој дел во извештајот ќе биде за нас невалиден. ВМРО секогаш во преден план го имал интересот за Македонија, а така и ќе остане“, изјави вечерва премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


