По поразот со осум гола на ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ од тимот на Ѓер Ауди ЕТО,македонскиот тим заврши на второто место на турнирот „PwC Handball Fiesta 2013” во Ѓер. На полувремето унгарскиот тим имаше убедливи седум голови предност (17-10). На крајот резултатот беше 29-21.
За најдобар играч на турнирот беше избрана ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ, која игра на позицијата среден бек.
Амандин Лејно имаше 11 одбрани на голот на ЖРК Вардар, а најефикасна во нападот беше Андреа Лекиќ со седум гола. Во составот на Ѓер прв стрелец беше Катарина Булатовиќ со осум погодоци.Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


