Актуелниот шампион во формула 1, Себастијан Фетел забележа нова победа, овојпат во Белгија на патеката Спа Франкошамп, со што ја продолжи доминацијата на Ред Бул. Тимот за кој возат Фетел и Вебер ја забележа четвртата победа во низа на оваа патека.
„Од старт до финиш имавме одлична тактика. Ја контролирав трката и победата е сосема заслужена“, изјави Фетел. Зад него трката ја заврши Фернандо Алонсо, а третопласиран беше Луис Хамилтон. Бодови освоија и Розберг, Вебер, Батон, Маса, Грожан, Сутил и Рикардо.
Во генерален пласман Фетел ја зголеми предноста пред конкурентите. Германецот има 197 поени, пред Алонсо со 151, Хамилтон со 139, а Раиконен сега падна на четвртата позиција со 131 поен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Инцидент во Ф1 на тренингот: Сè уште нема информации за состојбата на возачот и на стујардите покрај патеката


