| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто воопшто расправаше комисијата за 24 декември?

gruevski-zaev-komisija08

Јавноста сеуште не ги знае сите детали од работата на Комисијата за 24 декември, не знае која од партиите колку предлози на политичките противници прифатиле или одбиле, колку вкупно и за кои теми двете страни имало црвени линии а граѓаните сеуште не се не чисто за што се водела вербалната битка меѓу членовите.

Молчат и претставниците на меѓународната заедница која што имаше свои монитори на работата на комисијата.

Од она што може да се види и да се протолкува излегува дека целата работа однапред била осудена на пропаст.

Ако се суди според изјавата на СДСМ според која ВМРО – ДПМНЕ безусловно морала да прифати дека е единствен кривец за настанот тогаш зошто воопшто се губеше време а јавноста се замајуваше со надеж дека сепак на крајот во 5 до 12 земјата ќе најде компромисно решение и ќе избегне негативен извештај од Брисел.

Самата поставеност и бројност на комисијата во која членуваат 5 члена на чело со претседател кои на крајот треба да гласаат и донесат некакво решение е безмислена ако на крајот морало да има само еден виновник.

Зошто СДСМ се согласи со принцип на работа во која надгласувањето требаше да донесе решение, наместо да се работи со консензус во кој со одговорност пред граѓаните и земјата ќе се дојдеше до откочување на политичката криза.

Зошто воопшто се изгуби толку време во избор на претседател кога ниту неговиот глас воопшто не е важен, ако се суди според изјавите на СДСМ според кои за 24 декември  има само еден кривец?

Сепак личните интереси на Заев кој можеби во предвремени избори се надева да добие шанса да ги елиминира членовите  на пратеничката група на СДСМ кои што не му се лојални и кои му предизвикуваат дополнителен товар, сепак не се доволна причина  во ноември Македонија за прв пат по неколку години да не добие позитивен извештај. Тоа можеби би било од корист на СДСМ но никако на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top