| четврток, 6 декември 2018 |

Љупчо Зиков: Алијансата за позитивна Македонија е подготвена за избори

zikov intevju

 

Страшно е што од сево ова со комисијата и партискиот судир меѓу ВМРО и СДСМ најмногу изгуби Македонија и нејзините граѓани. Значи, ова на еден начин според нас беше очекувано, особено ако се следеа последните неофицијални изјави и од ВМРО ДПМНЕ и од  СДСМ, вели вели Љупчо Зиков во интервју за Фактор.

–       Ние како Алијанса за позитивна Македонија сметаме дека требаше да биде постигнат договор и да имаше конечен извештај за собраниските инциденти од 24 декември, минатата година. Сметаме дека е пропуштена голема шанса за пред Еверопската Унија да оставиме пристоен изглед и да спасиме колку што може од целава ситуација. За жал, двете најголеми политички партии не беа на висината на задачата односно не успеаја да ја зачуваат европската препорака. Е сега, топката е во дворот на СДСМ, вели Зиков.

Ние како Алијанса за позитивна Македонија се подготвуваме за избори, па ако тие се случат и на 13 октомври, а тоа и ќе го обзнаниме деновиве. Подготвени сме да излеземе на избори. Лични сметам дека на 13 октомври нема да има предвремени парламентарни избори, но дека сега ќе се влезе во дебата за точниот датум на избори. Засега планот е дека ќе настапиме самостојно, но не се исклучени и коалиции, секако доколку програмските определби ни се слични со некоја друга партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top