| четврток, 6 декември 2018 |

Полициско-родителски патроли во Тетово начекаа млади кои се „забавуваат“ со алкохол во градинка

tetovo

Тетовската полиција заедно со родители и новинари синоќа во периодот од 22 до 24 часот реализираше дел од планираните практични активности во рамки на проектот „Мешани патроли-полиција и родители во обиколка на најпосетуваните места за ноќна забава на малолетниците“.

Мешаните полициско родителски патроли ги посетија и дворот на градинката кај спортскиот центар и паркот во Ајдучко маало, како места на кои младите се собираат вон градската понуда на кафулиња и други угостителски објекти. Тука можеше да се забележи големо присуство на млади лица но и поголема количина на алкохол. Дел од младите велат дека ова е единствениот начин на збогатување на можностите за ноќна забава. Родителите кои беа дел од патролата велат дека ги знаат овие состојби и оти делумно се согласуваат со нивните причини за собирање на места надвор од градската врева, но и дека не можат да се согласат со времетраењето на нивните забавувања, како и количината на испиен алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top