| четврток, 6 декември 2018 |

Колку е сериозна повредата на Антиќ?

atlanta hawks antic

Во текот на четвртата четвртина од мечот што Македонија попладнево го игра во на турнирот во градот Улм, македонската ѕвезда се пожали на повреда на коленото.

Според германските коментатори Антиќ бил повлечен од теренот по судир со еден од германските противници во скок под нашиот кош.

Веднаш по повредата македонскиот лекарски тим се обиде да утврди колку е таа тешка. Од тогаш Антиќ не е во игра  но останува да се надеваме дека популарниот Перо не се соочува со посериозна повреда со која македонската репрезентација би била сериозно ослабена на европското првенство во Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top