| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува во СДСМ?

gruevski-zaev-komisija08

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев бил под силен притисок на дел од раководството на СДСМ кои барале по секоја цена да се блокира работата на комисијата за 24 декември, дознава „Република“ од партиски извори.

Во недостаток на поддршка од дел од новото раководство а особено откако речиси целата пратеничка група била против компромис за извештајот на комисијата и струмичкиот градоначалник попуштил и се согласил да се блокира работата на комисијата и со тоа Македонија да добие негативен извештај во ноември од страна на ЕК и подоцна најверојатно повлекувае на препораката за почеток ан преговори.

Изворите на „Република“ тврдат дека за време на последните 5 дена од кога комисијата повторно интензивно почна да бара решение за блокадата во текот на дебатата имало екстремно различни ставови кај различни членови на комисијата при што кај оние што во јавноста се знае дека се блиски до екс лидерот Црвенковски било видливо дека не ги кријат напорите да се блокира работата на комисијата без разлика на последиците по земјата.

 

Опозициските членови на комисијата во текот на дебатата воопшто не сакале да разговараат за однесувањето на нивните претставници на 24 декември инсистирајќи дека единствен кривец за целиот инцидент е владеачката партија со што од самиот почеток создале атмосфера во која било се потешко да се дојде до компромис , велат добро упатени извори на „Република“.

Денеска лидерот на СДСМ Заев изјави дека во ВМРО – ДПМНЕ прифатиле да има оценка во која се признава кршење на уставот при исфрлање на пратениците од собранието на 24 декември но не сакале да прифатат иста таква формулација и за новинарите.

Со тоа Заев индиректно признава дека неговата партија наместо со подготвеност за компромис во комисијата влегла со максималистички барања во кои ќе се бара одговорност само од власта а во никој случај и за однсувањето на опозицијата која по долго време излезе на улица и со насилни средства во собранието  се обиде да го спречи донесувањето на годишниот буџет.

Заев денеска не кажа ништо ниту за одговорноста на најголемата опозицијона партија која што предизвика насилство во собраниската сала како и за тепачката која што пред неа ја започна лидерот Бранко Црвенковски.

Стравот од 30,000 членови на СДСМ кои наместо Заев го поддржаа Црвенковски пред конгресот на СДСМ се чини уште долго ќе биде пречка опозицијата да биде конструктивна во обидот земјата да излезе од политичката криза која започна со насилното блокирање на буџетот во собранието.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top