Уживањето во дрога честопати се поврзува со рок ѕвездите, актерите или проблематични или лабилни личности. Но, меѓу зависниците од дрога има полно брилијантни умови од светот на науката и технологијата кои оваа своја зависност ја признаа јавно.
Славниот астрофизичар Карл Саган потајно уживал во „трева“, а тоа се дознало дури по неговата смрт. И соосновачот на „Епл“, Стив Џобс неколкупати споменал дека земал ЛСД и тоа искуство му било неизмерно важно.
Во интервју за „Вајрд“, поранешниот вработен во „Циско“, Кевин Херберт рекол дека земањето дроги како ЛСД може да биде причина за решавање на некои проблеми. Во тоа толку многу верувал што суилно се противел вработените во „Циско“ да се тестираат за употреба на дрога.
Дали тоа го правеле поради стрес или како услуга на човештвото, ова се неколкумина кои биле генијални, но понекогаш и надрогирани: Стив Џобс, Бил Гејтс, Томас Едисон, Сигмунд Фројд, Кари Милис, Ричард Фејнман, Карл Саган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


